• петок, 05 декември 2025

Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал

Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал

Лондон, 1 мај 2025 (МИА) - Фудбалската асоцијација (ФА) формално ќе им забрани на трансродовите лица да играат во женските лиги. Одлуката ќе стапи на сила на 1 јуни.

- Разбираме дека оваа одлука може да биде болна за оние кои едноставно сакаат да играат фудбал во согласност со својот родов идентитет. Ќе контактираме со регистрираните трансродови играчи за да ги објасниме промените и опциите за понатамошно учество во играта, се вели во соопштението на организацијата.

Претходно Шкотска воведе слична забрана. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан