Англија прв финалист на женското УЕФА ЕВРО 2022
- „Лавиците“ финалето го обезбедија со погодоците на Бет Мед, Луси Бронз, Алесија Русо и Фран Киркби пред полниот стадион во Шефилд. Фудбалекрите на Шведска не постигнаа ниту еден погодок.

Лондон, 27 јули 2022 (МИА) - Женската фудбалска репрезентација на Англија ја совлада Шведска со 4-0 и се пласираше во финалето на УЕФА Европско првенство 2022 година.
„Лавиците“ финалето го обезбедија со погодоците на Бет Мед, Луси Бронз, Алесија Русо и Фран Киркби пред полниот стадион во Шефилд. Фудбалекрите на Шведска не постигнаа ниту еден погодок.
Домаќините на овогодинешното Европско првенство веќе имаат 11 победи во низа и ќе се соочат со подобрите од вечерашниот дуел помеѓу Германија и Франција.
Финалето е закажано за 31 јули на Вембли. ар/сп/