Англија: Електронските цигари, веројатно, ќе одат на рецепт
- Националната здравствена служба на Англија (НХС) наскоро би можела да почне да препишува рецепти за електронски цигари, како средство за помош на луѓето кои сакаат да престанат да пушат.
Лондон, 2 ноември 2021 (МИА) - Националната здравствена служба на Англија (НХС) наскоро би можела да почне да препишува рецепти за електронски цигари, како средство за помош на луѓето кои сакаат да престанат да пушат.
Агенцијата за лекови ги повика производителите да достават производи за испитување и одобрување. Доколку се спроведе овој план, Англија ќе стане првата земја во светот која ќе препишува електронски цигари како здравствен производ, јави Би-би-си.
Претходните години имаше јавна расправа за тоа дали е-цигарите треба да се користат во борбата против пушењето.
Се проценува дека околу 3,6 милиони луѓе во Англија користат е-цигари, а повеќето од нив се поранешни пушачи. Во оваа земја, во 2019 година, речиси 64.000 луѓе починале од последица од пушење. си/