• понеделник, 23 декември 2024

Англија домаќин во Вулверхемптон првпат од 1956 година

Англија домаќин во Вулверхемптон првпат од 1956 година
  Лондон, 17 февруари 2022 (МИА) – Англиската фудбалска репрезентација своите домашни натпревари во Лигата на нации во јуни против европскиот шампион Италија и Унгарија ќе ги игра на стадионот „Молинекс“ во Вулверхемптон, објави денеска Англиската фудбалска федерација (ФА). - Иако „Вембли“ е нашиот дом, сакаме да ја однесеме репрезентацијата и на други места каде тоа е возможно, особено во фазата на квалификации за некој голем турнир, изјави англискиот селектор Герет Саутгејт Натпреварот против Италија на 11 јуни ќе се одигра зад затворени врати поради инцидентите што се случија на лондонски „Вембли“ во финалето на ЕУРО2020, кога Азурите победија на пенали. Поддршката од трибините на „Молинекс“ англиските фудбалери ќе ја имаат за дуелот против Унгарија на 14 јуни. Стадионот „Молинекс“ со капацитет од 31.000 седишта последен пат беше домаќин на англиската репрезентација во 1956 година, кога Гордиот Албион ја победи Данска со 5-2 во мундијалските квалификации. ег/

Остани поврзан