• недела, 22 декември 2024

Англичаните лути на Најк поради новиот фудбалски дрес

Англичаните лути на Најк поради новиот фудбалски дрес

 

Лондон, 23 март 2024 (МИА) – Промената на бојата на англиското знаме на новиот дрес на националниот фудбалски тим кој го продава компанијата Најк, предизвика многу контроверзи на Островот, а британскиот премиер Риши Сунак предупреди дека „таквите национални симболи не смеат да се чепкаат“.

На новиот домашен комплет англиски дресови, крстот на заштитникот на Англија, Свети Џорџ, е извезен на темносина јака и се појавува во преод од сина, црвена и виолетова наместо традиционалното црвено на бела позадина.

Оваа одлука на Најк предизвика бес кај навивачите, поранешните играчи, а сега со реакција се јавија и политичките лидери. Премиерот Сунак рече дека „го претпочита“ оригиналното знаме и верува дека е подобро да не се „задира“ во националните симболи:

„Тие се извор на нашата гордост и идентитет, нè претставуваат какви сме и како такви сме совршени“, порача британскиот премиер.

Поранешниот голман на Англија, Питер Шилтон, исто така изјави за Би-Би-Си дека не се согласува со оваа „значајна“ промена:

- Ако почнеме да ги менуваме боите, нема да ни тргне на подобро“, рече легендарниот Шилтон.

Најк од своја страна наведе дека боите на новиот дрес се инспирирани од опремата за тренинг што ја носеше репрезентацијата на Англија во 1966 година, кога ја освоија засега единствената светска титула. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан