• недела, 22 декември 2024

Англискиот репрезентативец Гордон останува во Њукасл

Англискиот репрезентативец Гордон останува во Њукасл


Њукасл, 22 октомври 2024 (МИА) – Англискиот фудбалски репрезентативец Ентони Гордон денеска потпиша повеќегодишно продолжување на договорот со Њукасл.
Информацијата вечерва ја објави Њукасл на клупската веб-страница, непрецизирајќи ја должина на договорот.
„Мислам дека клубот е во добра форма, станува сè подобар и подобар. Многу сум среќен овде, сакам да живеам овде, тимот е по моја мера и тука сум да освојам трофеј. Мораме да освоиме трофеј, тоа би било неверојатно затоа што навивачите чекаат толку долго“, изјави Гордон.
Дваесетитригодишниот фудбалер му се приклучи на Њукасл од Евертон во јануари минатата година и оттогаш одигра 73 натпревари и постигна 15 голови за клубот.
Гордон на Европското првенство оваа годинава го освои сребрениот медал со репрезентацијата на Англија, за која има одиграно седум натпревари. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан