• четврток, 04 декември 2025

Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Скопје, 9 септември 2025 (МИА) - Постојат сомнежи дека пожарот во депонијата Дрисла е предизвикан намерно, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов потсетувајќи дека летово имавме рекордно високи температури, но Дрисла не се самозапали.

-Бригадата за противпожарна заштита Скопје со сите сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла, направени се противпожарни појаси за да не се дозволи огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата. Нема опасност од излегување на огнот надвор од депонијата. Гаснењето е во тек, посочи Ангелов.

Претходно тој инфрмираше дека пожарот не е алармантен, дека се работи на негово гаснење, но оти гасењето пожар на која било депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запалливи гасови. ев/хс/

ФОТО: Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан