Ангелов ги испрати „ер тракторите“' од Кипар кои помагаа во гаснењето на пожарите
- Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, утрово ги испрати пилотите, заедно со останатиот воздухопловен персонал на двата ПП авиони „ер трактор“ од Кипар, информираа од ЦУК.

Скопје, 14 август 2024 (МИА) – Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, утрово ги испрати пилотите и останатиот воздухопловен персонал на двата ПП авиони „ер трактор“ од Кипар, информираа од ЦУК.
Како што наведуваат во соопштението, според техничките можности на воздухопловите и персоналот, двата „ер трактор“ авиони го дадоа својот максимум во справувањето со пожарите во земјава.
Ангелов искажа голема благодарност за помошта и до нив лично и до нивната држава. ра/лв/
Фото: ЦУК