• недела, 22 декември 2024

Ангеловски нов тренер на хрватска Горица

Ангеловски нов тренер на хрватска Горица
Велика Горица, 27 август 2022 (МИА) – Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски е назначен денеска за нов тренер на Горица, објави официјално хрватскиот прволигаш, прецизирајќи оти со 46-годишниот стратег е потпишан договор до лето 2024 година. - Многу брзо се договоривме и среќен сум поради моето доаѓање. Ги следам сите натпревари во хрватската лига уште додека бев македонски селектор, бидејќи многу играчи настапуваа во хрватските клубови, и можам да кажам дека многу добро ја познавам состојбата во ХНЛ, истакна Ангеловски во својата прва реакција по назначувањето на тренерското место на клубот од Велика Горица. Поранешниот тренер на Работнички, од 2015 до 2020 година беше селектор на македонската репрезентација со која го постигна историскиот пласман на ЕУРО2020. - Горица поседува квалитет и мислам дека токму тоа може да донесе подобри резултати. Тоа е и најголемата причина поради која се согласив да седнам на клупата на Горица, додаде Ангеловски. Поранешниот македонски селектор на тренерското место во хрватскиот прволигаш доаѓа како замена за Самир Топлак, кому претходно оваа недела му беше врачен отказ. ег/вг/

Остани поврзан