• недела, 12 мај 2024

Ангеловски: Знаеме што значи Кузмановски за клубот и за градот

Ангеловски: Знаеме што значи Кузмановски за клубот и за градот

Битола, 20 ноември 2023 (МИА) – Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски е задоволен од засилувањето што го доби тимот со доаѓањето на Филип Кузмановски.

- Преговаравме со Вецлар и порано да го доведеме Кузмановски, но сега беше вистинскиот момент. Му благадарам на Филип што ја одбра нашата од многубројните понуди. Знаеме што значи за нас како клуб и за нашиот град неговото враќање. Со него имаме уште појака македонска структура во тимот и сигурно ќе ни биде од голема корист, изјави предводникот на македонскиот ракометен шампион.

По враќањето во Битола, Кузмановски вели дека со нетрпение го чека првиот натпревар во дресот на Еурофарм Пелистер. 

- Мотивиран сум и едвај чекам да заиграм во дресот на мојот клуб. Два дена работам со екипата, ги познавам моите соиграчи, со некои бев соиграч и во Бундеслигата. Знаеме какви навивачи се „Чкембарите“ и какви вљубеници се битолчани, најдобри во светот, и убеден сум дека заедно ќе се радуваме.

Клубот го пријави Филип Кузмановски за натпреварите во Лигата на шампионите и негово деби се очекува в среда против ПИК Сегед во Битола. зс/

Остани поврзан