• недела, 24 ноември 2024

Ангеловски: Засилените контроли даваат резултат, имаме подобрување на дисциплината на возачите

Ангеловски: Засилените контроли даваат резултат, имаме подобрување на дисциплината на возачите
Охрид, 12 декември 2020 (МИА) - Евидентно е дека имаме подобрување на дисциплината на возачите на целата територија на државата, како резултат на засилените контроли, што пак се рефлектира и на значително намалениот број на сообраќајни незгоди и жртви, изјави денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес-конференција во Охрид. Споредено ноември 2020 година со ноември 2019 година, појасни Ангеловски, имаме за 21 отсто намален број на сообраќајни незгоди, за 36 отсто намален број на загинати лица, за 75 отсто намален број на загинати пешаци, а за 47 отсто е намален бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди. Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Дебар и Охрид, при што санкционирани се 115 возачи - 59 санкции во Охрид, а 66 во Дебар. - И на територијата на СВР Охрид е евидентно намалувањето на сообраќајни незгоди, осбено оние со тешки телесни повреди, кои се намалени за 43 отсто, изјави Ангеловски. Засилените сообраќајни контроли, посочи тој, продолжуваат и во наредните денови и упати апел граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот. аа/лв/ https://youtu.be/fnuR47Wt79Q

Остани поврзан