• понеделник, 23 декември 2024

Ангела Меркел доби забрана за влез во ресторан поради коронавирусот

Ангела Меркел доби забрана за влез во ресторан поради коронавирусот
Берлин, 3 ноември 2020 (МИА) - Култниот ресторан „Штендиге фартретунг“ (Постојано претставништво), во Берлин, ѝ забрани влез на германската канцеларка Ангела Меркел, но и на министерот за финансии Олаф Шолц и други водечки политичари, поради мерките за привремено затворање на сите ресторани. Забраните стапија во сила вчера. Сопствениците на ресторанот - Јорн Питер Бринкман и Јан Филип Бубингер го објавија ова во видеопорака на Фејсбук. Тие ги сметаат германските политичари, предводени од Меркел, одговорни за воведувањето „престроги мерки“ за спречување на ширењето на коронавирусот. Сопствениците на други угостителски објекти исто така се револтирани од воведувањето карантин во Германија, со што се забранува работење на угостителските објекти. Притоа, тие се повикуваат на резултатите од истражувањето на институтот „Роберт Кох“, според коешто шансите за заразата во слични угостителски објекти не надминуваат три отсто. Според нив, владата не била добро подготвена за вториот бран на епидемијата на коронавирусот. Владата не ги презела соодветните чекори и се очекуваше лекарите на крајот да работат на граница на издржливост, како што велат Бринкман и Бубингер. Последната порака кон Ангела Меркел и другите политичари, гласи - „да не се надеваат веќе на свинско колено“ од нивната кујна. си/

Остани поврзан