• сабота, 23 ноември 2024

Анастасов од Пробиштип: Јаловишната депонија ќе ја затвориме и на нејзино место ќе поставиме фотоволтаични системи

Анастасов од Пробиштип: Јаловишната депонија ќе ја затвориме и на нејзино место ќе поставиме фотоволтаични системи
Скопје, 21 јули 2021 
Градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ се осврна на сработеното во изминатите четири години и плановите за наредниот период.
Општина Пробиштип во моментот кога почнав да ја раководам беше задолжена со два реални општински буџети, но сепак реализиравме голем број капитални проекти по пат на донации, бидејќи со општинските средства го сервисиравме долгот на мојот претходник, односно ги отплаќавме неговите проекти, за да ја направиме општината ликвидна, истакна Анастасов.
Меѓу капиталните проекти во патната инфраструктура, Анастасов ги издвои реконструкцијата на патниот правец Крупиште – Пробиштип, како главна артерија која го поврзува Пробиштип со Истокот, реконструкцијата на патниот правец Киселица - Ратавица - Злетово - Древено - Добрево – Пробиштип, патниот правец до Стрмош, а деновиве отпочнува реконструкцијата на патниот правец до село Лесново.
Тој најави санација на Јаловишната депонија, како една од најжешките еколошки точки во општината, а после санацијата на таа површина ќе бидат поставени фотоволтаични системи.
Најголемото жариште на болести, на кое освен што ќе инвестираме во обновливи извори на енергија, освен нови работни места, ќе обезбеди и приход за општината, со кој ќе реализираме проекти важни за граѓаните на општината, истакна Анастасов, нагласувајќи ја својата визија за Пробиштип во иднина како зелена општина.
Градоначалникот на Пробиштип најави скоро отворање на Домот за стари лица, во реконструираното крило на здравствениот дом „Нада Михајлова“, отворање на првиот Научно туристички музеј за ретки минерали во нашата држава, реконструкција на голем број улици во градот.
За развој на туризмот, општината изготви ДУП за Пониква, каде се предвидени изградба на викенд куќи, мотели и хотели, се планира и изградба на пат преку Рудари – Шталковица – Ратковица до Пониква, а наскоро, со средства со Светска банка, ќе започне реализацијата на проектот за доградба и надградба на сместувачки капацитети во Лесново, со што за првпат општината ќе може да понуди соодветно сместување во едно од најрепрезентативните места во општината – Лесново познато по Лесовскиот манастир, истакна Анастасов.
Градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов порача дека ќе продолжи да работи посветено за целите и интересите на сограѓаните, останувајќи достапен за секоја нивна сугестија, проблем или идеја.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
____________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан