• понеделник, 23 декември 2024

Анализа: Ситуацијата со Скопје може да прерасне во „комуникациска криза“ за Бугарија

Анализа: Ситуацијата со Скопје може да прерасне во „комуникациска криза“ за Бугарија
Софија, 22 декември 2020 (МИА) - Односите на Софија со официјално Скопје се една од шест можни кризни ситуации за Бугарија во текот на следната година, што може да прерасне во комуникациска криза и да му наштети на имиџот на државата, оценува бугарскиот Центар за анализа и кризни комуникации. Центарот смета дека поради ова секоја акција на Бугарија во врска со земјава мора да биде добро анализирана и проценета и од политички и од комуникациски аспект. - И во двете земји говорењето на оваа тема е оставено на самоволието на екстремните мислења и ова прашање има потенцијал да стане заложник на псевдо-патриотски политички формации. Недостасува стратешка комуникација од страна на Владата, за темата не се зборува во целост пред нашето општество, но таа не е добро презентирана ни пред европските партнери, оценува Центарот. Поради сето ова, според авторите на анализата, би можело да се каже дека „ситуацијата со Република Северна Македонија има потенцијал да прерасне во комуникациска криза“. - Така, овој, во моментов дипломатски случај, претставува опасност да се одрази негативно на имиџот на нашата земја во отсуство на соодветна комуникација низ цела ЕУ, смета Центарот. Според Центарот, односите на Бугарија со земјава се меѓу факторите што може да придонесат за влошувње на имиџот на Софија пред европските партнери, што се посочува како втора „комуникациска криза“. - Скандалите во врска со тема со Република Северна Македонија, бројните тврдења за корупциски скандали, чудните интервјуа на владини претставници за западни медиуми, одбивањето да се прифатат некои европски вредности и последните постапки не оддалечуваат од нашиот цивилизациски избор да бидеме дел од демократскиот свет и придонедуваат за влошување на нашиот имиџ пред европските партнери, оценува Центарот. Во документот се наведува дека ако Бугарија не преземе професионални стратешки мерки за подобрување на комуникациите, „нема да може да се позиционира како сигурен партнер, кој нема да биде од оние што само замаат средства од ЕУ“. Како останати „сериозни комуникациски кризи“ за Бугарија за следната година, Центарот, ги посочува и можната владина криза, парламентарните избори, вакцината против Ковид-19, лажните вести и конспиративни теории, како и потенцијаната криза во здравствениот систем. сп/

Остани поврзан