• петок, 22 ноември 2024

Анализа: Речиси 90 проценти од сопствениците на барови и ресторани во Њујорк не можеа да платат за наемнина во август

Анализа: Речиси 90 проценти од сопствениците на барови и ресторани во Њујорк не можеа да платат за наемнина во август
Њујорк, 21 септември 2020 (МИА) - Речиси 90 проценти од сопствениците на барови и ресторани во Њујорк не можеа да ја платат наемнината во август. Осумдесет и седум проценти од баровите, рестораните, ноќните клубови и простори за настани во петте општини не можеа да ја платат целата августовска кирија, според податоците од 457 бизниси испитани меѓу 25 август и 11 септември, во новата студија објавена од непрофитната организација Њујорк Алијанса за угостителство. Тоа е зголемување од седум процентни поени од јуни и скок од четири поени од јули, затемнувајќи ја ужасната слика за ресторани кои очајно бараат олеснување по шестмесечното делумно - а во некои случаи и целосно - затворање поради забраните за Ковид-19. Околу 34 проценти од оваа група рекле дека не можат воопшто да ја платат наемнината за минатиот месец, а само 12,9 проценти биле во можност да ги исполнат целосно обврските. „Рестораните, баровите и местата за ноќен живот се финансиски уништени од пандемијата“, изјави извршниот директор на алијансата Ендру Риџи. „Дури и пред пандемијата кога работеа со 100 отсто, овие мали бизниси се бореа да останат отворени. Сега гледаме широко распространети затворања, приближно 150.000 работници во индустријата се уште се без работа, а огромното мнозинство од овие преостанати мали бизниси не можат да си дозволат да платат наемнина“. зш/

Остани поврзан