• понеделник, 23 декември 2024

Амхерд: Мировниот самит за Украина треба да се одржи што поскоро во Швајцарија

Амхерд: Мировниот самит за Украина треба да се одржи што поскоро во Швајцарија

Берн, 20 јануари 2024 (МИА) - Швајцарската претседателка Виола Амхерд денеска изјави дека мировниот самит за Украина, што нејзината земја планира да го организира, треба да се одржи што е можно поскоро.

-Тоа дефинитивно треба да се случи во 2024 година, изјави Амхерд за весникот „Schweiz am Wohenende“, пренесува Свисинфо.

Таа додаде дека Русија најверојатно нема да присуствува на самитот, но посочи дека официјален Берн е во контакт со Москва.

-Швајцарија разговара со сите. Каналите за комуникација постојат и тие се отворени, рече Амхерд.

Според неа, „постои мал ризик“ Швајцарија да не успее да го организира мировниот самит.

-Меѓутоа, ако не се обидеме, тоа сигурно нема да се случи. Ќе се обидеме да дадеме се од себе, изјави швајцарската претседателка.

Таа нагласи дека на крајот на самитот не треба да очекуваме мировен план, туку почнување на мировниот процес.

Амхерд претходно оваа недела, по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави дека Швајцарија планира да ја поддржи обновата на Украина преку организирање мировна конференција.

Таа потоа кажа дека Швајцарија ќе продолжи да и помага на разурнатата Украина и ќе работи на воспоставување праведен и траен мир. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан