АМС најави неколку проекти за подобрување на спортската инфраструктура во Крива Паланка
- Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денеска се сретна со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, при што беа најавени неколку значајни проекти за под
Крива Паланка, 26 јануари 2022 (МИА) - Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денеска се сретна со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, при што беа најавени неколку значајни проекти за подобрување на спортската инфраструктура во градот.
Мојсовски и Митовски најавија изградба на фитнес зона на отворено кај спортскиот комплекс во градот, балон сала и повеќенаменско игралиште во селото Мождивњак. Мојсовски потенцира дека влогот во спортската инфраструктура е влог во здрава младина, идни спортисти и поддршка на македонскиот спорт.
Средства за изградба на планираните проекти и спортски содржини ќе бидат обезбедени преку Агенцијата за млади и спорт.
-Еден од моите врвни приритети, заедно со стручните служби од Општината, е да продолжиме да ја унапрдуваме и осовременуваме спортската инфраструктура и да создаваме квалитетни услови за развој на современ тренинг центар за подготовки и тренизи на младите спортисти од Крива Паланка и пошироко, изјави градоначалникот Митовски.
Во контекст на унапредување на спортската инфраструктура, во Општина Крива Паланка ќе се гради повеќенаменско игралиште во селото Мождивњак, ќе се уредуваат соблекувалните на градскиот стадион, а се разгледува можноста за затоплување на постојната спортска сала. ид/вг/