• петок, 10 мај 2024

АМСМ: Сообраќајот во тунелот кај Катланово по една коловозна лента

АМСМ: Сообраќајот во тунелот кај Катланово по една коловозна лента

Скопје, 26 јуни 2023 (МИА) -  Сообраќајот на патниот правец Велес - Скопје е нормализиран, само во тунелот кај Катланово се одвива по една коловозна лента, соопшти АМСМ.

Автопатот Велес - Скопје, кај тунелот, попладнево беше целосно затворен за сообраќај поради сообраќајна незгода.  Возилата се пренасочуваат од клучката Велес кон Свети Николе, кон автопатот Штип - Скопје. 

Во МВР попладнево, во 16:55 часот, било пријавено дека во тунелот кај Катланово во правец од Велес кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило и мотоцикл со унгарски таблички. Според првичните информации, едно лице, кое се превезувало на мотоциклот, починало, а другото, кое исто така се превезувало на мотоциклот, е пренесено во Ургентниот центар Скопје. дма/мч/

Остани поврзан