• вторник, 18 јуни 2024

АМСМ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

АМСМ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Скопје, 26 мај 2024 (МИА) - АМСМ информира дека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што стои во соопштението, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан