• петок, 22 ноември 2024

Ампева: Соработката со Општина Штип ќе се зајакнува преку конкретни активности

Ампева: Соработката со Општина Штип ќе се зајакнува преку конкретни активности
Штип, 31 октомври 2022 (МИА) - Претседателката на „Гласен Текстилец“-Штип Кристина Ампева денеска имаше средба со градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, директорот на ЈП „Исар“ Трајче Здравков и  директорот на ЈП „Стипион“ Игор Ефтимов, а на којашто Ампева им додели благодарници за особен придонес во настанот „Текстилијада 6”, информираат во писменото соопштение од „Гласен Текстилец“-Штип. Ампева посочува дека за време на состанокот биле сумирани впечатоците од настанот и соработката која беше остварена со видливи резултати меѓу здружението, јавните претпријатија и општината. - Во заедничко партнерство, организиравме посета и пикник на античкиот град Баргала, каде работничките имаа шанса да се дружат и слушнат повеќе за локалитетот од страна на вработени лица во Музеј на град Штип. Во соработка со Јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион“, ЦАЦ Скопје и уметникот Андреј Миновски, ја изработивме и поставивме работничката клупа, која што е изработена од рециклиран материјал, вели Ампева. Посочува дека и наредниот период останува соработката со градоначалникот на Општина Штип, како и со јавните претпријатија. - Соработката ќе се зајакнува преку конкретни активности, промоција на социјалниот дијалог, меѓу сите засегнати страни, можности за формирање на Локален економско – социјален совет на ниво на Штип, се со цел унапредување на работничките права, јакнење на соработката меѓу бизнис секторот и средните стручни училишта, но и подигнување на свеста кај сите чинители за потребата од повисоки плати за достоен живот особено во ваква криза, додава Ампева. вдј/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан