Аморим се ослободува од Зиркзе, Јувентус опција за напаѓачот
- Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим ќе се ослободи од напаѓачот Џошуа Зиркзе, тврди „Тутоспорт“.

Манчестер, 13 ноември 2024 (МИА) - Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим ќе се ослободи од напаѓачот Џошуа Зиркзе, тврди „Тутоспорт“.
Зиркзе пристигна од Болоња за околу 37 милиони фунти на крајот на летото и потпиша договор за 5 сезони.
На 11 натпревари постигна само еден гол, а најчесто влегува од клупата за резерви.
Италијанското издание додава дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да се разделат со играчот веќе во јануари и чекаат понуди за него.
Се верува дека Јувентус размислува за опција да го доведе на позајмица, но во секој случај изгледа дека играчот нема иднина на „Олд Трафорд“. дс
Фото: Принтскрин