Аморим пред можен трансфер во ривалски клуб
- Досегашниот менаџер на Манчестер Јунајтед Рубин Аморим е пред можен неверојатен трансфер
Лисабон, 7.јануари 2026 (МИА) – Досегашниот менаџер на Манчестер Јунајтед Рубин Аморим е пред можен неверојатен трансфер. По отказот во Манчестер Јунајтед, можно е многу брзо повторно да седне на тренерската клупа.
Имено, според британските медиуми Аморим е кандидат да биде тренер на Бенфика, доколку Жозе Мурињо биде отпуштен. Бенфика има заостанување од 10 бодови зад лидерот Порто.
Потенцијалното седнување на клупата на Бенфика, не им се допаѓа на навивачите на Спортинг Лисабон, екипа со која Аморим освоено пет пехари во Португалија.
Инаку, Аморим за време на кариерата како фудбалер има одиграно 154 натпревари за Бенфика. Како и да е многу е веројатно Аморим тренерската кариера да ја продолжи во својата родна земја – Португалија. мн/
Фото: ЕПА