Аморим: Не сум загрижен за себе, загрижен сум за позицијата на табелата
- Манчестер Јунајтед доживеа нов пораз во Премиер лигата, овојпат од Тотенхем во Лондон. Бројните проблеми со повредите, како и лошата реализација беа главните причини за новиот пораз на „црвените ѓаволи“.

Лондон, 16 февруари 2025 (МИА) - Манчестер Јунајтед доживеа нов пораз во Премиер лигата, овојпат од Тотенхем во Лондон. Бројните проблеми со повредите, како и лошата реализација беа главните причини за новиот пораз на „црвените ѓаволи“.
За настапот на натпреварот проговори и Рубен Аморим, тренерот на Манчестер Јунајтед:
-Тоа беше најголемата разлика. Тие погодија, ние не. Имавме шанси за гол, напаѓавме малку посилно во првото полувреме. На крајот, погодија, ние не. Во некои ситуации моравме да ризикуваме, најтешко е да се создаде шанса за гол. Денеска создадовме шанси, но мора да ги реализирате доколку сакате да победите, изјави Аморим.
На прашањето дали е загрижен за својата позиција поради лошите резултати, Аморим вели дека тоа не е случај.
-Не сум загрижен. Ги разбирам нашите навивачи, ги разбирам луѓето и медиумите кои размислуваат за тоа. Сакам да го завршам првенството на вистински начин, не сум загрижен за себе, за клубот, за играчите, за тимот. Мразам да губам, тоа е најлошото чувство. Не размислувам за други работи. Она што најмногу ме загрижува е нашата позиција на табелата. Не се грижам за себе, нагласи Аморим.
Манчестер Јунајтед моментално е на 15. место во Премиер лигата. дс
Фото: Архива