• петок, 05 декември 2025

Аморим: Манчестер јунајтед сака да се врати во европските натпреварувања

Аморим: Манчестер јунајтед сака да се врати во европските натпреварувања

Манчестер, 16 август 2025 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, зборуваше за целите на тимот за сезоната 2025/26.

- Сакаме да се вратиме во европските натпреварувања. Тешко ми е како тренер на Манчестер јунајтед да го кажам ова, но мора да бидеме реални кога разговараме со нашите навивачи. Ќе мора да се бориме дури и за да влеземе во европските натпреварувања, бидејќи има многу подобро координирани тимови, но ние ќе се бориме. Не можете да промените сè за четири недели, но тимот стана подобар. Тие тренираат понапорно и подобро, па затоа се подготвени за барањата, изјави Аморим за „Телеграф“.

На крајот од сезоната 2024/25, тимот го освои 15-то место на табелата во Англиското првенство со 42 бода.

Манчестер јунајтед новата премиерлигашка сезона ја почнува утре на домашен терен против Арсенал (17:30 часот). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан