• четврток, 04 декември 2025

Аморим: Гвардиола може да си дозволи да се опушти, но јас морам да ја докажувам мојата вредност секој ден

Аморим: Гвардиола може да си дозволи да се опушти, но јас морам да ја докажувам мојата вредност секој ден

Манчестер, 14 септември 2025 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, верува дека неговата ситуација не може да се спореди со онаа на Хозеп Гвардиола, кој е на чело на Манчестер сити.

Денес градските ривали ќе играат меѓусебно во 4. коло од англиското фудбалско првенство. Натпреварот започнува во 17:30 часот.

- Овој човек победува постојано. Може да си дозволи да се опушти, дури и ако престане да победува. За разлика од него, јас морам да се докажувам секој ден тука и го чувствувам тоа. Чувствувам дека секој ден, доаѓајќи тука, морам да бидам подобар. Споредувајќи ја мојата ситуација со онаа на Гвардиола? „Тоа е едноставно смешно“, изјави Аморим за „Манчестер Ивнинг Њуз“.

Гвардиола е на чело на Манчестер сити од 2016 година. Под негово водство, „Граѓаните“ освоија 18 трофеи. Аморим стана главен тренер на Манчестер јунајтед во 2024 година. Тој ги предводеше „Црвените ѓаволи“ до финалето на Лигата на Европа во сезоната 2024/25. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан