• понеделник, 23 декември 2024

Американски Ф-16 се урна над Жолтото Море

Американски Ф-16 се урна над Жолтото Море

Сеул, 11 декември 2023 (МИА) - Американски борбен авион се урна за време на тренинг лет над Жолтото Море, објавија денеска американските сили во Кореја (USFK).

Пилотот на борбениот авион Ф-16 се катапултирал по што јужнокорејската морнарица го извлекла од морето меѓу Корејскиот Полуостров и Кина, соопшти УСФК.
Пилотот е во стабилна состојба, а причината за несреќата се истражува.

Авионот полетал од американската воздушна база во Гунсан, во западна Јужна Кореја. Вкупно 28.500 американски војници се стационирани во Јужна Кореја. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан