• четврток, 26 декември 2024

Американски воен брод собори четири дронови испратени од Хутите од Јемен во Црвеното Море

Американски воен брод собори четири дронови испратени од Хутите од Јемен во Црвеното Море

Вашингтон, 24 декември 2023 (МИА) - Американски разурнувач кој патролирал во Црвеното Море соборил четири борбени беспилотни летала испратени од Јемен и насочени кон тој брод, соопшти денеска американската Централна воена команда (Центком).

„Разурнувачот 'Лабун“ вчера собори четири беспилотни летала кои дојдоа од подрачјата под контрола на Хутите во Јемен и беа насочени кон американскиот брод“, соопшти американската воена команда преку мрежата Икс, наведувајќи дека нема повредени или оштетувања.

Американската воена команда објави и дека „Саибаба“, габонски танкер кој пловел под индиско знаме, бил погоден вчера во Црвеното Море во напад на беспилотни летала испукани од бунтовниците Хути од Јемен, додавајќи дека нема повредени.

Беспилотното летало испратено од Хутите го гаѓало и танкерот „Бламанен“ кој пловел под норвешко знаме и за малку ќе го погодел, додаде Централната воена команда на САД.

Според Центком, ова се 14-ти и 15-ти напади на јеменските бунтовници на бродови во Индискиот Океан од 17 октомври.

Неодамна, бунтовниците Хути во Јемен извршија серија напади со беспилотни летала и ракети врз бродови во Црвеното Море. Бунтовниците кои контролираат голем дел од Јемен велат дека нивна цел се бродови поврзани со Израел поради војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа.Многу големи бродски фирми ги прекинаа операциите во Црвеното Море поради зголемениот ризик од напади. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан