• петок, 22 ноември 2024

Американски воен авион се урна во Средоземното Море, загинаа пет припадници

Американски воен авион се урна во Средоземното Море, загинаа пет припадници

Вашингтон, 12 ноември 2023 (МИА) - Петмина припадници на американската армија го загубија животот во несреќа на американскиот воен авион кој се урна во Средоземното Море за време на вежба, соопшти Европската команда на американската армија.

Од Европската команда на американската армија не соопштија за каков тип на авион се работи и од каде полетал, но САД неодамна стационираа носач на авиони во областа за да спречат секој обид за ескалација на војната меѓу Израел и Хамас.

„За време на рутинска задача за полнење гориво за време на лет во рамки на воена вежба, американски воен авион со пет војници се урна во Средоземното Море. Петте војници во авионот загинаа“, се вели во соопштението на Европската команда на американската армија.

Војската на САД информираше за таа несреќа, која се случила „вечерта на 10 ноември“ во источниот Медитеран, не наведувајќи ја веднаш информацијата за судбината на војниците.

„Џил и јас се молиме за семејствата и пријателите кои ги загубија своите сакани - дел од нивната душа.Целата нација сочувствува со нив“, вели американскиот претседател Џо Бајден во соопштение.

По нападот на Хамас на 7 октомври, Вашингтон му обезбеди воена помош на Израел и ги зголеми своите сили во регионот, особено испраќајќи го носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ и други воени бродови. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан