• четврток, 21 ноември 2024

Американски амбасадор во БиХ: Поединци се виновни за геноцидот во Сребреница, а не етнички групи

Американски амбасадор во БиХ: Поединци се виновни за геноцидот во Сребреница, а не етнички групи
Сараево, 14 април 2022 (МИА) - Амбасадорот на САД во БиХ Мајкл Марфи изјави дека за геноцидот во Сребреница се виновни поединци, а не етнички групи, нагласувајќи дека е важно политичките лидери и институциите да имаат трајна обврска да ги решаваат и сите други воени злосторства направени за време на војната во БиХ. - Признајте ги и прифатете ги фактите, научете ги помладите генерации на вистината, почитувајте ги жртвите, неуморно работете на пронаоѓање, ексхумирање и идентификација на исчезнатите лица и активно истражувајте ги и гонете ги осомничените кои сè уште се на слобода, рече Марфи за време на посетата на Меморијалниот центар во Сребреница. Според него, тоа е „единствениот пат кон иднината што ќе ги помири луѓето во БиХ, пат кој ги лекувараните на оваа земја и кој гарантира праведен и траен мир меѓу потомците на оние кои настрадаа и ги загубија животите од 1992 до 1995 година“. Марфи истакна дека Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија и Меѓународниот суд на правдата ги утврдиле фактите за Сребреница, а истовремено се уште се во тек напорите на најистакнатите политички актери во Република Српска да го негираат она што се случи во Сребреница. - Во јули 1995 година, групи во рамки на Војската на РС, под команда на Ратко Младиќ и политичкото раководство на Радован Караџиќ, извршија геноцид. Ратко Младиќ и Радован Караџиќ се воени злосторници, а не херои. Тие се виновни за геноцид. Никакво, мурал или споменик не можат тоа да го сменат. Нивната вина и срам се вечни, изјави американскиот амбасадор во БиХ. ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан