• понеделник, 23 декември 2024

Американските регулатори ја одложија препораката за вакцината на Џонсон и Џонсон

Американските регулатори ја одложија препораката за вакцината на Џонсон и Џонсон
Вашингтон, 15 април 2021 (МИА) - Експертската комисија во Центарот за контрола и превенција на болести во САД (ЦДЦ) донесе одлука да го одложи решението за вакцината на „Џонсон и Џонсон“, јави ДПА. По вонредниот состанок, ЦДЦ објави дека треба да соберат повеќе информации пред да издадат препорака. Федералните здравствени агенции на САД повикаа на итен прекин на употребата на вакцината со единечна доза откако шестмина Американци развија тромб во период од две недели по приемот на вакцината. Станува збор за жени на возраст од 18 до 48 години. Една жена починала, а друга од Небраска се наоѓа во болница во критична состојба. Веднаш потоа, американската корпорација „Џонсон и Џонсон“ соопшти дека ја одложуваат испораката на вакцината против Ковид-19 во Европа. Следниот состанок на експертската комисија на ЦДЦ за вакцината се очекува за една недела. паг/    

Остани поврзан