• петок, 05 декември 2025

Американскиот трговски дефицит во февруари најнизок од 2016 година

Американскиот трговски дефицит во февруари најнизок од 2016 година
Според соопштението на американското Министерство за трговија, извозот во САД во февруари се намалил за 0,4 отсто, на 207,5 милијарди долари, но увозот бил уште помал, за 2,5 проценти, на 247,5 милијарди долари. Тоа претставува вкупен дефицит од 39,9 проценти, што е за 12,2 отсто понизок во однос на претходниот месец. Трговскиот дефицит на САД со Кина забележал пад за 17 отсто, на 19,7 милијарди долари, благодарејќи на процентното намалување на увозот од таа земја. Ветувајќи намалување на огромниот национален трговски дефицит, американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини на увозот на кинеска стока, во вредност од вкупно 360 милијарди американски долари, а трговскиот дефицит на САД се намали првпат во последните шест години. гт/

Остани поврзан