• четврток, 11 јули 2024

Американскиот претседател Бајден организираше вечера за лидерите на земјите-членки на НАТО

Американскиот претседател Бајден организираше вечера за лидерите на земјите-членки на НАТО

Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден синоќа во Белата куќа организираа вечера за сојузниците и партнерите во НАТО.

„Џил и јас сме почестени што имаме толку блиски сојузници и пријатели во иста просторија“, им се обрати Бајден на светските лидери и нивните сопружници, заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Иако 32 сојузници не делат заеднички јазик или граница, Бајден рече дека сите се „соседи“ кои „делат заеднички уверувања“.

Челниците на членките во НАТО се собраа во вторникот во Вашингтон, ДЦ, на тридневен самит по повод одбележувањето на 75-годишнината од основањето на воениот сојуз. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан