• петок, 22 ноември 2024

Американскиот новинар Еван Гершкович поднесе жалба против продолжувањето на притворот во Русија

Американскиот новинар Еван Гершкович поднесе жалба против продолжувањето на притворот во Русија

Вашингтон, 26 август 2023 (МИА) - Новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович денеска поднесе жалба против одлуката за продолжување на неговиот притвор во Русија до крајот на ноември, се наведува во судските документи.

Тој во март беше уапсен под обвинение за шпионажа, додека, во рамки на службено патување бил во посета на градот Екатеринбург.

Московскиот градски суд му го продолжи притворот на 24 август, што предизвика остри реакции од претставници на американската Влада и весникот за кој работи Гершкович.

На веб-страницата на судот денеска беше објавено дека одбраната на Гершкович поднела жалба. Во јуни, судот ја отфрли неговата жалба на претходната пресуда да го задржи зад решетки до крајот на август. рп/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан