• недела, 22 декември 2024

Американскиот милијардер Фридкин го купува Евертон

Американскиот милијардер Фридкин го купува Евертон

 

Ливерпул, 23 септември 2024 (МИА) – Фридкин Инвестмент Груп, во сопственост на американскиот милијардер Ден Фридкин, ќе стане новиот мнозински сопственик на премиерлигашот Евертон, објави денеска англискиот клуб.

„Британско-иранскиот бизнисмен Фархад Мошири, актуелен сопственик на Евертон и Групацијата Фридкин потврдија дека постигнале договор околу условите за продажба“, соопштија од клубот.

Трансакцијата мора да биде потврдена од неколку други тела, вклучително и од Премиер лигата, Англиската фудбалска асоцијација и Управата за финансиско однесување, со цел да биде финализирана.

Групацијата Фридкин започна преговори за купување во јуни, пред Евертон да објави следниот месец дека нема да се постигне договор.

Евертон е на последното место во Премиер лигата, откако забележа четири порази во првите пет кола во новата сезона. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан