Американскиот актер Јангблад избегна депортација - доброволно ќе замине од Грција
- Американскиот актер Руди Јангблад познат по филмот „Апокалипто“, кој откако беше уапсен во Атина беше констатирано дека му е истечена визата, сепак ќе избегне депортација од Грција и доброволно ќе си замине од земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 3 јануари 2025 (МИА) – Американскиот актер Руди Јангблад познат по филмот „Апокалипто“, кој откако беше уапсен во Атина беше констатирано дека му е истечена визата, сепак ќе избегне депортација од Грција и доброволно ќе си замине од земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што објавија грчките медиуми, 42-годишниот актер попладнево се очекува да биде ослободен и во предвидениот рок ќе треба да ја напушти Грција, откако биле прифатени неговите приговори.
Јангблад е во Грција е за снимање на неговиот нов филм, а во раните утрински часови на 27 декември застанал пред полициска станица во атинска населба, а со оглед на тоа што бил под дејство на алкохол, полицаец од станицата му се обратил да го праша дали е добар, по што актерот извадил нож и почнал да му се заканува на полицискиот службеник.
Веднаш бил уапсен и поради заканите и навредите и поради поседување оружје за што му била изречена условна казна и бил ослободен, но во меѓувреме било констатирано дека му е истечена визата и бил пренесен во Службата за странци и се соочуваше со депортација од земјата.
Според информациите во медиумите во Грција, актерот во поднесените приговори објаснил дека не сфатил дека оние кои му пришле се полицајци, за евентуалната депортација, истакнал дека би му направила огромен проблем во кариерата, а за истечената виза рекол дека не сфатил дека му истекла, бидејќи имал здравствен проблем, а докторот не му дозволил да патува со авион. ср/