• сабота, 18 мај 2024

Американска национална администрација за океани и атмосфера: Јули беше најтоплиот месец откако се мери температурата на Земјата

Американска национална администрација за океани и атмосфера: Јули беше најтоплиот месец откако се мери температурата на Земјата
Њујорк, 13 август 2021 (МИА) - Јули беше најтоплиот месец откако се мери просечната температура на Земјата. Американската национална администрација за океани и атмосфера соопшти денеска дека минатиот месец просечната температура на копното и површината на океаните во светот била 0,01 степени Целзиусови повисока отколку во претходниот најтопол јули - во 2016 година. Според нив, тоа е дел од влошување на трендот поврзан со климатските промени. „Јули е генерално најтоплиот во годината, но јули 2021 година се надмина себеси, стана најтоплиот јули и месец што некогаш е регистриран“, наведе Рик Спинрад, директор на одделот. Температурниот рекорд во јули е 0,02 степени над претходниот, измерен во 2016 година  и повторен во 2019 година и 2020. Статиустиката се води веќе 142 години.зш/

Остани поврзан