• петок, 05 декември 2025

Американска и грчка компанија заедно доставија понуда за истражување на јаглеводороди јужно од Крит и Пелопонез

Американска и грчка компанија заедно доставија понуда за истражување на јаглеводороди јужно од Крит и Пелопонез

Атина, 11 септември 2025 (МИА) – Заедничко учество на објавениот тендер од Министерството за животна средина и енергетика на Грција за истражување и производство на јаглеводороди во четирите крајбрежни блокови јужно од Пелопонез и јужно од Крит, соопштија американската компанија „Chevron“ и грчката „HELLENiQ Energy“, јави дописничката на МИА од Атина.

За доставената понуда министерот за животна средина и енергетика Ставрос Папаставру рече дека „се отвора ново поглавје за експлоатација на подводното енергетско богатство на земјата“.

- Грција, со национална самодоверба, поставува цврсти темели за својата енергетска самостојност и ја искористува својата геополитичка позиција во Источниот Медитеран. Владата на Киријакос Мицотакис ја исполнува својата должност кон нашите деца и идните генерации, реализирајќи ги своите обврски за енергетски безбедна, инвестициски привлечна и геополитички силна Грција, рече Папаставру.

Весникот „Катимерини“ коментира дека доставената понуда од американската компанија „ги потврдува суверените права на Грција во областа која ја оспорува Турција, укинувајќи го во пракса турско-ливиското меморандум за морските зони и наративот за „Сината татковина“.ср/

Остани поврзан