• петок, 05 декември 2025

Американската крајбрежна стража летово заплени 34 тони дрога од прекуокеански бродови

Американската крајбрежна стража летово заплени 34 тони дрога од прекуокеански бродови

Мајами, 26 август 2025 (МИА) – Американската крајбрежна стража во текот на ова лето заплени над 34 тони дрога, проценета на околу 500 милиони долари, од бродови во Тихиот Океан и на Карибите, што претставува најголема заплена досега за оваа служба.

Крајбрежната стража соработуваше со Министерството за одбрана и пресретна 19 бродови и чамци кои пренесувале дрога околу островите Галапагос во Еквадор, Венецуела, Мексико, Доминиканската Република, Јамајка и Аруба, соопшти службата.

Некои бродови биле забележани и од авиони, по што биле пресретнати од истражните тимови.

Крајбрежната стража соопшти дека во акцијата се уапсени 34 осомничени трговци со дрога.

Запленетата дрога била истоварена во сојузната држава Флорида, а се состоела од околу 28 тони кокаин и 6,5 тони марихуана.

Агенцијата ја процени вредноста на дрогата на околу 473 милиони долари.

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп вети дека ќе ја реформира Крајбрежната стража и ќе го зголеми бројот на војници во неа до крајот на 2028 година. јт/

Фото: Американска крајбрежна стража

Остани поврзан