Американската армија ја заврши мисијата за префрлање на боците на ИД од Сирија во Ирак
- Американските сили ја завршија својата мисија за префрлање на затворените припадници на Исламска држава од Сирија во Ирак, соопшти денеска Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ)
Вашингтон, 13 февруари 2026 (МИА) – Американските сили ја завршија својата мисија за префрлање на затворените припадници на Исламска држава од Сирија во Ирак, соопшти денеска Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).
- Мисијата на трансфер во траење од 23 дена почна на 21 јануари и резултираше со успешно преместување на повеќе од 5.700 возрасни борци на ИД од притворските центри во Сирија во ирачки притвор - се наведува во соопштението од ЦЕНТКОМ.
Преместувањето на затворениците почна набрзо по офанзивата на сириската армија во североистоичниот дел на земјата против курдските Сириски демократски сили (СДФ). САД на 29 јануари посредуваше за постигнување на договор за прекин на огнот помеѓу сириската армија и СДФ.
- Успешното спроведување на уредни и безбедни операции за трансфер ќе помогне да се спречи повторното појавување на ИД во Сирија - истакна командантот на ЦЕНТКОМ, генерал Кевин Ламберт. ми/
фото: МИА архива