Амбасадорот на ЕУ Рокас во посета на Боговиње
- Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ја посети општина Боговиње како дел од иницијативата за информирање на јавноста за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници.
Боговиње, 11 февруари 2026 (МИА) - Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ја посети општина Боговиње како дел од иницијативата за информирање на јавноста за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници.
Посетата ќе ја започне со средби со градоначалникот Фети Абази и членовите на општинскиот совет. Дискусиите ќе се фокусираат на придобивките од пристапувањето во ЕУ и ќе го истакнат конкретното влијание на поддршката од ЕУ врз секојдневниот живот во регионот.
Амбасадорот Рокас ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество и Младинскиот совет во општина Боговиње.са/
Фото: МИА архива