• среда, 17 декември 2025

Амбасадорката на Република Северна Македонија Агнеза Руси Поповска ѝ се заблагодари на болницата „Пирогов“ за спасувањето на повредените во пожарот во Кочани

Амбасадорката на Република Северна Македонија Агнеза Руси Поповска ѝ се заблагодари на болницата „Пирогов“ за спасувањето на повредените во пожарот во Кочани

Софија, 2 јуни 2025 (МИА/БТА) - Во благодарница до извршниот директор на Универзитетската болница за активно лекување и итна медицина „Н. И. Пирогов“ – д-р Валентин Димитров, амбасадорката на Република Северна Македонија Агнеза Руси Поповска ја изрази својата благодарност за спасувањето на најтешко повредените деца и млади во пожарот што избувна во Кочани. Ова го соопштија од здравствената установа. Амбасадорката Поповска ја искажа својата најдлабока благодарност за пожртвуваноста и ангажираноста на медицинскиот персонал кон повредените македонски пациенти.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

„Во болницата, како и низ цела Бугарија, повредените наши сограѓани беа пречекани со раширени прегратки и отворени срца“, додава таа. „Вашата брза реакција и подготвеност да помогнете беа зрак на светлина во тие исклучително тешки моменти за сите нас“, дополнува амбасадорката Поповска.

„Исклучителната грижа што вашите тимови ја пружија, хуманото однесување и професионалниот пристап кон лекувањето на повредените пациенти, кои ги покажавте во моментите на најголема потреба, беа од клучно значење за нивното опоравување и безбедно враќање дома. Со вашата пожртвуваност ги надминавте границите на медицинската грижа и дадовте пример за човечност, сочувство и пријателство. Македонскиот народ засекогаш ќе ја помни солидарноста и несебичноста што ги покажавте“, додава уште во својата благодарница амбасадорката Поповска.

На 16 март 2025 година во болницата „Пирогов“ беа транспортирани и хоспитализирани осум повредени лица во пожар по користење на пиротехника во угостителски објект во Кочани. Неколку дена подоцна беше примена и една млада девојка со полесни повреди, која по неколкудневна хоспитализација беше отпуштена. По несреќата во Кочани, со амбулантни возила и со воено-транспортниот авион „Спартан“ во Бугарија беа пренесени 14 од повредените, од кои шестмина беа хоспитализирани во болници во Пловдив и Варна.

На 15 мај беше отпуштен последниот од осумтемина повредени примени на лекување во „Пирогов“.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан