• понеделник, 23 декември 2024

Амбасада на САД во БиХ реагираше на изјава на Додик за отцепување: Затоа е санкциониран

Амбасада на САД во БиХ реагираше на изјава на Додик за отцепување: Затоа е санкциониран
Сараево, 16 ноември 2022 (МИА) - Американската амбасада во Босна и Херцеговина реагираше на изјавата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, дека ќе предложи отцепување доколку некој го допре имотот на Република Српска. Амбасадата вели дека токму поради таквите изјави, лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи е санкциониран од САД, пренесува Б92.. Додик, кој на неодамнешните избори во Босна и Херцеговина беше избран за претседател на Република Српска, вчера положи заклетва во Народното Собрание и изјави дека, доколку некој „го допре имотот“, тој ќе предложи отцепување на овој ентитет. „Сецесионистичката реторика е опасна, неодговорна и во спротивност со Дејтонскиот мировен договор. Точно поради таквите изјави, како вчерашната, Милорад Додик е санкциониран од САД“, посочија од Амбасадата. Оттаму повторија дека ќе продолжат да ги поддржуваат територијалниот интегритет, суверенитет и мултиетничката природа на Босна и Херцеговина. Додик коментираше на Твитер дека и покрај неговата голема почит кон САД како голема сила и нивната улога во светската политика, Република Српска не може да прифати еден амбасадор да определува што треба да се прави и како да се зборува. „Ова е нашата земја, а тој е само гостин и еден ден ќе си замине (оттука), како и многу други пред него“, напиша Додик. бд/ссм/

Остани поврзан