• понеделник, 23 декември 2024

Амбасадата на Јапонија донираше бронхоскоп на Клиниката за кардиохирургија

Амбасадата на Јапонија донираше бронхоскоп на Клиниката за кардиохирургија

Скопје, 31 октомври 2022 (МИА) – Во Амбасадата на Јапонија денеска беше потпишан договор од страна на амбасадорот Хиронори Савада и проф. д-р Сашко Јовев, директор на Универзитетската клиника за Државна Кардиохирургија во вредност од 39.693 евра. Овој договор, како што соопштија има за цел да набави бронхоскоп кој ќе обезбеди побезбедни здравствени услуги за пациентите при дијагноза, хоспитализација и операција.

- Овој проект ќе придонесе за значително зголемување на безбедноста на пациентите кои се оперираат или се хоспитализирани на клиниката, како и ќе обезбеди брзо и навремено дијагностицирање и успешно лекување на повеќе од 50,000 пациенти во следните 10 години, изјави амбасадорот Савада во своето обраќање.

Д-р Јовев порача дека е чест да бидат дел од семејството на приматели на GGP грант програмата.

- Од срце ви се заблагодаруваме за донацијата, којашто е апсолутно потребна и адекватна за уште подобро функционирање на нашата клиника, а во служба на нашите пациенти, потенцираше директорот на Клиниката.

Преку GGP – Грант помош на мали проекти за човекова безбедност досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од три милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош.

Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за КОВИД-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за сто пациенти со КОВИД-19. ки/ац/

Остани поврзан