Амбасадата на САД во Романија спасила американска државјанка од трговија со луѓе
- Дипломатското обезбедување на амбасадата на САД во Романија неодамна спречило трговија со луѓе во оваа земја, при што едно од спасените лица е американски дравјанин, јавија денеска од Стејт д
Вашингтон, 3 ноември 2022 (МИА) - Дипломатското обезбедување на амбасадата на САД во Романија неодамна спречило трговија со луѓе во оваа земја, при што едно од спасените лица е американски дравјанин, јавија денеска од Стејт департментот.
Професионалците од дипломатското обезбедување во конзуларните претставништва низ целиот свет, специјалните агенти и истражителите асистенти работат на спасување на животите на Американците во странство, соопштија оттаму.
-Ова се покажа и во случајот со Амбасадата на САД во Букурешт, Романија, кога маринец од обезбедувањето прими повик од Американец кој посочи дека негов пријател бил држен против негова воља.
Потоа, „во координација со специјалните агенти од дипломатското обезбедување и крими истражители од регионалното обезбедување на амбсадата, извршија безбедно и брзо ослободување на две лица жртви на трговија со луѓе“.
Од Стејт департментот укажаа дека агентите работеле со романската полиција која побарала информации за локацијата и доволно докази за да се добие налог за претрес.
Во акцијата биле ослободени едно лице од женски пол, американска државјанка и друго лице од женски пол, кои биле држени во заточеништво против нивна воља. Тие потоа со помош на перосналот од Амбасадата добиле место за престој, правна помош и бонови за исхрана од локална невладина организација која работи со жртви на трговија со луѓе.
-За пофалба е брзата акција и тимската работа на дипломатското обезбедување на амбасдата и конзуларниот пероснал во соработка со романската полиција и локални НВО партнери, за спасување на две жени кои биле држени во заточеништво, изјави Шејн Диксон, вршител на должност заменик-шеф на мисијата во амбасадата на САД во Романија. кб/