• понеделник, 23 декември 2024

Ал Пачино наводно се согласил на Нур Алфала да ѝ плаќа 30.000 долари месечно за нивното заедничко дете

Ал Пачино наводно се согласил на Нур Алфала да ѝ плаќа 30.000 долари месечно за нивното заедничко дете

Лос Анџелес, 3 ноември 2023 (МИА) - По гласините дека Ал Пачино и Нур Алфала се разделиле, јавноста сега дознава оти познатиот глумец се согласил на неговата партнерка да ѝ плаќа 30.000 долари месечно за грижа на нивното петмесечно бебе, објави „Ти-ем-зи“ (TMZ).

Тоа, за 83-годишниот глумец, е само почеток, се чини. Првичните податоци говорат дека 54 години помладата Нур ќе добие и аванс од 110.000 долари, како дополнение на основните 30.000 секој месец. Пачино ќе плаќа и за образованието на детето, при што парите ќе одат на сметката за образование...

Се говори и за други трошоци. Западните медиуми пишуваат дека двојката е разделена, а новопечената мајка поднела документи на Суд за детето да остане кај неа. Сепак, за „Дејли мејл“, член на семејството ги отфрли тие наводи, велејќи: „Тие сѐ уште се заедно“.  си/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан