• недела, 05 мај 2024

Ал Наср за Варан подготвува понуда за плата од 50 милиони фунти годишно

Ал Наср за Варан подготвува понуда за плата од 50 милиони фунти годишно

Лондон, 6 февруари 2024 (МИА) - Ал Наср е заинтересиран за дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан, пренесува „Daily Star“.

Клубот од Саудиска Арабија е подготвен да му понуди на 30-годишниот француски фудбалер договор со плата од 50 милиони фунти годишно.

Манчестер јунајтед би можел да го продаде играчот за да ги намали трошоците за плати на тимот.

Варан игра за тимот од „Олд Трафорд“ од август 2021 година. Во сезоната 2023/24, постигна еден гол на 21 натпревар.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 25 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан