• недела, 22 декември 2024

Ал-Џавлани: Нема помилување за луѓето кои вршеле тортура и убиства на затвореници

Ал-Џавлани: Нема помилување за луѓето кои вршеле тортура и убиства на затвореници

Дамаск, 11 декември 2024 (МИА) - Лидерот на сириските бунтовници Ахмед ал Шарех, попознат како Абу Мохамед ал-Џавлани, денеска изјави дека ниту еден од луѓето вклучени во тортурата и убиствата на затворениците во сириските затвори нема да биде помилуван, пренесоа британските медиуми.

-Ќе ги гониме во Сирија и ќе побараме од земјите каде што (прекршителите) избегале да ни ги предадат за да ја исполниме правдата, рече Ал Џавлани во изјава емитувана на сириската државна телевизија преку каналот Телеграм. сд/

фото:Скриншот Си-Ен-Ен

Остани поврзан