Ал-Хилал подготвува огромна понуда за Салах
- Ал-Хилал има намера да потпише со напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, тврди новинарот Николо Шира на социјалните мрежи.
Ријад, 25 јануари 2025 (МИА) - Ал-Хилал има намера да потпише со напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, тврди новинарот Николо Шира на социјалните мрежи.
Според изворот, саудискиот клуб подготвува огромна лична понуда за 32-годишниот фудбалер.
Рокот на договорот кој Ал-Хилал ќе го понуди на Салах ќе биде до 2028 година.
Во јануари, египетскиот напаѓач изјави дека најверојатно ова е последната година во дресот на Ливерпул. Неговиот актуелен договор со англискиот тим истекува во летото 2025 година.
Во сезоната 2024/25. Салах одигра 31 натпревар за Ливерпул во сите натпреварувања, постигнувајќи 22 гола и 17 асистенции. Тој ги брани боите на тимот од 2017 година. дс
Фото: Архива