• петок, 05 декември 2025

Ал-Хилал одби да го игра Суперкупот на Саудиска Арабија поради замор на играчите

Ал-Хилал одби да го игра Суперкупот на Саудиска Арабија поради замор на играчите

Ријад, 21 јули 2025 (МИА) - Ал-Хилал одлучи да не учествува во Суперкупот на Саудиска Арабија поради замор на фудбалерите, објави официјалната веб-страница на клубот.

Ал-Хилал официјално ја испрати својата одлука до Фудбалската федерација на Саудиска Арабија (SAFF), во која детално ги наведоа причините за одбивањето да учествуваат на турнирот. 

Во соопштението се наведува дека доколку учествуваат во Суперкупот, одморот на играчите кои играа на Светското клупско првенство ќе биде намален на 21 ден, што е прекршување на клаузулата во договорите на играчите.

Одлуката е донесена и по испитување на физичката и мускулната состојба на неколку играчи, кои открија знаци на екстремен замор по тешката сезона.

На Светското клупско првенство, Ал-Хилал стигна до четвртфиналето, каде што загуби од Флуминенсе (1:2). 

Суперкупот на Саудиска Арабија, каде што е предвидено да игра и Ал-Кадисија, беше планиран за 20 август во Хонг Конг.  зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан