• петок, 05 декември 2025

Ал-Хилал му постави ултиматум на Бруно Фернандеш

Ал-Хилал му постави ултиматум на Бруно Фернандеш

Манчестер, 27 мај 2025 (МИА) - Саудискиот клуб Ал-Хилал му дал рок од 72 часа на Бруно Фернандеш во кој Португалецот мора да го даде својот конечен одговор дали ќе ја прифати понудата што му е упатена.

Клубот од Ријад му понуди на играчот од средниот ред четири пати поголема плата од таа што ја зема на „Олд Трафорд“. Понудата до него е за нето плата од 700.000 фунти неделно. Со бонусите, Бруно би можел да добие вкупно 200 милиони во текот на три години, доколку прифати. 

Ако одговорот на капитенот на „црвените ѓаволи“ е позитивен, Ал-Хилал ќе упати официјална понуда до Манчестер Јунајтед, која, според „Дејли меил“, ќе биде околу 100 милиони фунти.

Ал-Хилал сака да потпише со Фернандеш пред Светското клупско првенство следниот месец. Тој е цел број 1 на клубот. Алтернативите се Јури Тилеманс од Астон Вила или Едерсон од Аталанта.

-Ако клубот смета дека е време да се разделат затоа што сака да заработи добри пари, тоа е тоа. Фудбалот понекогаш е таков. Секогаш велев дека сум тука сè додека клубот не ми каже дека е време да си одам, изјави капитенот на Јунајтед по последниот натпревар од сезоната. дс

Фото: Архива

Остани поврзан